„Генералка викенд 25“ и во Виница

Од Општина Виница соопштија дека и оваа година се приклучуваат на големата акција за чистење која се спроведува во цела Македонија “Генералка Викенд 25”. Акцијата ќе се спроведе во петок на 9 мај со почеток од 09:00 часот и ќе се чисти на три локации: Филтер станица Виница и дива топола, улицата од дивата топола до филтер станицата, над ромското маало, Метереолошка станица Виница и Виничко Кале. Од Општина Виница ги повикуваат сите граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата.