ВМРО ДПМНЕ Виница го обвини новиот претседател на СДСМ Виница дека сменил националност и вера за работно место

Откако вчера од општинската организација на СДСМ Виница објавија дека актуелниот советник во Советот на Општина Виница, Гоце Милевски е нивни нов претседател, денес од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Виница излегоа со реакција. Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека изборот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за Виница, во 2021 година се декларирал како турчин за да се вработи во Фондот за здравство. Во објавата на социјалната мрежа фесбук на ВМРО ДПМНЕ Виница го ослововуваат Милевски и како стар и истрошен кадар кој бил од тимот кој претрпел од 4 изборни порази по ред во Виница, но и го обвинија за непотизам кога бил секретар на општинската организација на СДСМ Виница.