100 години од првите „Тодорови трки“, оваа година ќе се одржат на 15 март

0

Од Општина Виница информираа дека спортско-рекреативната манифестација „ТОДОРОВИ ТРКИ“, ќе се одржи на 15.03.2025г. со почеток од 11:00 часот на градскиот стадион во Виница. Предвидени се неколку дисциплини на кои од општината очекуваат голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, членови од ЗП од Виница, членови од здружение „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста. За првите три места во секоја дисциплина има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *