Нови здравствени услуги во Здравствен дом Виница

Со цел унапредување на услугите и грижа за комплетното здравје на пациентите Ве известуваме дека во нашиот Здравствен дом започна со работа Ортопедска амбуланта, Офталмолошка амбуланта и Кардиолошка амбуланта. Веќе од наредната недела започнува со работа Уролошката амбуланта. Ги потпишавме договорите и од наредниот месец ќе доаѓа доктор специјалист пулмолог и доктор специјалист оториноларинголог(уво,нос и грло). Прегледите закажувајте ги на Мој термин преку Вашите матични доктори. Објавија на социјалната мрежа „фејсбук“ од Здравствен дом Виница.