Oдбележани 40 години од Виничкото кале и теракотните икони

0

Музеј „Теракота“ Виница вчера во Сината сала го одбележа јубилејот 40 години од откривањето на Теракотните икони. На манифестацијата по тој повод директорката на музејот Сара Даневска во име на музеј „Теракота“ додели благодарници на институции и поединци кои давале и даваат голема подрашка на активностите кои се спроведуваат од страна на музеј „Теракота“. Настанот беше збогатен со музички настапи на виничката група од Здружение на пензионери, како и на дуото Добрила и Дориан. По завршување на официјалниот дел гостите на настанот и публиката имаа можност да уживаат во музиката на BILLY ESTEBAN.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *